Главните спонзори на Ѓоковиќ очекуваат Србинот јавно да се произнесе за неговата депортација од Австралија

Некои од главните спонзори на Новак Ѓоковиќ веќе се оградија од српскиот тенисер, додека други со нетрпение чекаат тој да ги објасни последните случувања околу Австралија Опен, пишува германскиот весник „Ханделсблат“.

Како што пренесува Бета, весникот пишува дека Ѓоковиќ, според Форбс, во 2021 година заработил 38 милиони долари, а парите од турнирите, иако минатата година беше многу успешна за српскиот тенисер, изнесувале само една петтина од вкупната сума. Станува збор за околу осум милиони долари од играње, наспроти 30 милиони долари од спонзорски договори.

На импресивната листа на оние кои ги рекламираат своите производи со името и ликот на Новак Ѓоковиќ, меѓу другите се „Lacoste“, „Asics“, „Peugeot“, „Raiffeisen International RBI“ и технолошката компанија „Ultimate Kronos Group (UKG)“.

Наведувајќи дека неодамнешната афера за учеството на Ѓоковиќ на турнирот во Австралија, неговото депортирање и негативните наслови во медиумите влијаеле на неговиот углед, весникот прашал некои од главните спонзори за иднината на нивните договори со српскиот тенисер.

Австриски Рајфајзен Интернешнл бил дистанциран. Портпаролката на австриската банка изјави за Ханделсблат дека се договориле за повеќегодишно партнерство со Новак Ѓоковиќ поради неговата популарност во Централна и Источна Европа.

„Таа одлука беше донесена многу пред сегашното известување за Ѓоковиќ и неговиот вакцинален статус, односно неговото учество на Австралија опен. Како спонзор на Новак Ѓоковиќ, критички гледаме на моменталната ситуација – рекла портпаролката.

Претставници на швајцарскиот производител на луксузни часовници „Hublot“ изјавија за весникот дека ги следат последните случувања и оти сега, по враќањето на Ѓоковиќ во Србија, „го чекаат тој да се произнесе во јавноста“ за се.

 

 

Back to top button
Close