Го укинува ли Арсовска летниот камп за деца во социјален ризик, проект од времето на Шилегов

Поп-пејачката Кристина Арнаудова јавно ја прозва на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако Град Скопје за првпат од 2017-та година не го поддржа летниот камп за деца од социјален ризик, Шарено лето.

Овој летен камп постои од 2017 година и секое лето со Аранудова стотици деца од ранливи категории и социјален ризик одат на својот прв летен одмор. Овој пат Кристина Арнаудова вели дека неговото оддржување е неизвесно.

„Градоначалничката е токму онаква каква што очекувавме. Политичка фигура која нема сенс за хуманост и вакви проекти. Ќе бидат ова долги три и пол години. Јас само би и препорачала да не меша политика во хуманитарни проекти кои се потребни на овој напатен народ и многу деца“, вели Арнаудова.

Таа додава : “Можам само да кажам дека ќе дадам се од себе да се одржи овој камп, а на оние кои избришале ваков хуман и потребен проект нека им служи на чест. Мандатите поминуваат, а ние остануваме. Секој кој сака да спонзорира летен одмор за едно дете може да ни пише порака, па ние ќе најдеме заеднички начин.

Back to top button
Close