Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар, ги бркала крадците и влегла по нив во автобус

Две лица ограбиле 67-годишна жена на подрачјето на Центар во Скопје, а кога таа тргнала по нив и влегла во автобус обидувајќи се да си го врати ранецот, била нападната со тврд предмет, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 9 август во 14:40 часот од 67-годишната Г.С. од кочанско.

Според пријавеното, околу 07:30 часот на подрачјето на Центар, две лица ѝ се доближиле на жената, по што едното со употреба на физичка сила ѝ одзело женски ранец во кој имало документи и лични предмети.

По грабежот, двете лица се обиделе да побегнат, но жената тргнала по нив и влегла во автобус во обид да си го врати ранецот. Тогаш едното лице ја удрило со тврд предмет, по што крадците избегале.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот

Back to top button
Close