Го возел автобусот запален за да избега од шумата – возачот на ЈСП го спасил Водно од голем пожар
Возачот на двокатниот автобус на ЈСП „Скопје“ што се запали на Водно со својата реакција спречил пожарот да се прошири кон шумата.

Според информациите, кога забележал дека автобусот се запалил, возачот го придвижил возилото до побезбедна локација, подалеку од густата вегетација, со цел да се намали ризикот огнот да ја зафати шумата.Во автобусот во моментот на инцидентот немало патници, а возачот не бил повреден.
На местото интервенирале екипи на Противпожарната бригада на Скопје, кои го изгаснале огнот и спречиле негово понатамошно ширење.
Пожарот избувнал во автобус од линијата 25, која сообраќа до Средно Водно.
Причините за пожарот допрва треба да се утврдуваат






