Годишна изложба на фото клубот „Чкрап“ од Тетово

 Членовите на фото клубот „Чкрап“ од Тетово вечерва во 19 часот ја организираат традиционалната годишна изложба на фотографии. Ова е 17-та изложба на фотографии кои тетовската публика по прв пат ќе има можност да ги види во дворот на Спомен куќата на Јовановци при Музеј на тетовски крај.

-На оваа изложба ќе се претстават 20 фотографи со 40-тина фотографии. Поради пандемијата изложбата е во дворот од Музејот на тетовски крај, а воедно ќе се запазат сите мерки за заштита од коронавирусот, секој ќе мора да носи маска, да се дезинфицира и ќе се мери температура. Оваа изложба е можност да се прикаже работатата на нашите членови во изминатата година, а темата е слободна, односно авторите самите бираат каква фотографија ќе изложат, информираат од клубот.

Фото клубот „Чкрап“ е основан во 2003 година.

Back to top button
Close