Голем интерес за потписот на Геи

Капитенот на лондонскиот премиерлигаш Кристал Палас, Марк Геи (25), би можел да ја смени клупската средина во јануарскиот преоден рок, откако за него голем интерес покажуваат европските гиганти Ливерпул, Манчестер Сити, Арсенал и Баерн Минхен.
Англискиот репрезентативец е во последните шест месеци од договорот со Кристал Палас и јасно стави до знаење дека нема намера да остане во клубот.
Геи би можел да го напушти Кристал Палас на крајот од сезоната без обесштетување, но англиските медиуми наведуваат денеска дека речиси сигурно ќе бара нов клуб во јануари.
Најголем интерес за неговите услуги покажуваат Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал и Баерн.
Германски Скај објави дека спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, изминатите денови имал телефонски разговор со дефанзивецот на Палас, а дел од англиските медиуми јавуваат дека 25-годишниот играч од Брегот на Слоновата Коска со англиски пасош е најблиску до трансфер во Сити.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close