Голем шумски пожар во Грција
Шумски пожар вчера беснееше надвор од контрола во централниот дел на Евија, вториот по големина грчки остров, па властите наредија евакуација на едно село, соопшти пожарникарската служба.
Информациите говорат дека пожарот се проширил на падините на планинската шума Гаја, а било наредено евакуација на селото Кремастос.
Околу 70 пожарникари се бореле со огнот со помош на девет противпожарни авиони и четири хеликоптери пред да падне ноќта