Голем земјотрес регистриран во близина на Вануату

Земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Тихи Океан во близина на Вануату.

 

Земјотресот бил на длабочина од околу 115 километри, на околу 35 километри североисточно од вториот по големина град на Вануату, Луганвил.

 

По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами.

Back to top button
Close