Голема“ израелска копнена операција во Газа би била „грешка“, тврди Макрон
Голем“ израелски копнен упад во Појасот Газа би бил „грешка“, потенцира францускиот претседател Емануел Макрон во Каиро. Тој предупреди дека тоа ќе им наштети на цивилите без да се воспостави долгорочна безбедност на Израел.
„Ако се работи за голема интервенција што би ги загрозила животите на цивилите, мислам дека тоа е грешка… и за Израел затоа што веројатно нема да го заштити Израел на долг рок и затоа што е некомпатибилно со… меѓународното хуманитарно право“, рече Макрон по средбата со ргипетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, кој исто така го повика Израел да избегне инвазија.