Голема полициска акција: Приведени четири лица за злоупотреби меѓу нив и поранешен градоначалник на Општина Карпош


Финансиската полиција, во координација со Основното јавно обвинителство, денеска спроведе акција во која се лишени од слобода четири лица осомничени за злоупотреби поврзани со тендерска постапка во Управата за царинско работење.

Меѓу приведените е и поранешен директор на Царинската управа, поранешен потпретседател на СДСМ и екс-градоначалник на Општина Карпош.

Според првичните информации, лицата се товарат за злоупотреби, финансиски малверзации и незаконитости во постапка за јавна набавка.

Надлежните институции засега не даваат дополнителни детали. Се очекува во текот на денот Управата за финансиска полиција и Обвинителството да излезат со официјално соопштение за случајот.

Back to top button
Close