Гостиварци и натаму без пивка вода

Гостиварци се четврта недела без питка вода. Иако квалитетот на водата е подобрен, таа сè уште не е исправна за пиење

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска информира дека последните анализи покажуваат подобрување на квалитетот на водата во споредба со претходните мерења, но дека е потребно дополнително време таа да биде прогласена за безбедна за пиење.

„Состојбата со водата во Гостивар е значително подобрена, последните наоди се значително подобри во однос на претходните, но потребно е време за истата да биде прогласена за чиста за пиење. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе го направи тоа тогаш кога водата ќе биде и хемиски и бактериолошки исправна за пиење“,рече Ангелов.

Според последните информации од Главниот штаб за управување со кризи, водата во Гостивар смее да се користи само како техничка, но не и за пиење и за приготвување храна.

Министерот за здравство Сашо Клековски во телевизиско интервју неделава кажа дека анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август.

За случајот со водата се води и истрага против в.д. директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, како и против технички раководител на Сектор за технички работи и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во Јавното претпријатие.

Обвинителството ги сомничи за тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење. Според Обвинителството, тие со штетна матeрија ја направиле неупотреблива водата за пиење во преливната комора на системот кој ја снабдува со вода Општина Гостивар и дел од околните села

Back to top button
Close