Граѓаните им должат на банките четири милијарди евра

Банките во државата располагаат со вкупни депозити од 570.298 милиони денари или 9,27 милијарди евра. На годишно ниво се зголемени за 11 насто, а месечната промена октомври-ноември е 0,9 насто. Движењата се главно стимулирани од штедачките навики на граѓаните. Истовремено, кредитирањето бележи раст по нагорна линија од 9,7 проценти, а минатот месец поместувањето е за 0,7 проценти, со поголем придонес на корпоративниот сектор. Или, со ноември, вкупната кредитна поддршка е во износ од 481.410 милиони денари, односно 7,82 милијарди евра.

Кај секторот домаќинства, според ноемврискит извештај на Народната банка, забележан е месечен раст на депозитите од 1,9%, додека годишниот е 13,3%/. А, произлегува од зголемените депозитни пари и долгорочните депозити. Притоа, на нивните сметки има вкупно 381.857 милиони денари, што е еднакво на 6,2 милијарди евра.

За еден месец кредитите одобрени на населението се зголемени за 0,7% како резултат на речиси подеднаков раст на кредитите во странска валута и во денари. На годишно ниво се работи за дополнителни 8,2%, каде што доминираат задолжувањата во денари. Сумата со која се задолжени граѓаните е 246.867 милиони денари (над четири милијарди евра).

Најактуелните – потрошувачките кредити, достигнуваат износ од 127.183 милиони денари или нешто повеќе од две милијарди евра. Месечниот раст е 0,7%, а годишниот 7,3%.

За решавање на станбеното прашање се употребени 92.301 милион денари (1,5 милијарди евра). Кај нив двиѓењата се 1,2% месечно и 11,6% годишно. (Пари.мк)

Повеќе…

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close