Град Скопје блокираше 17.694 сметки на физички и правни лица за неплатен данок на имот

Град Скопје блокираше 17.694 сметки на физички и правни лица за неплатен данок на имот за 2021 година во вкупен износ од 1,3 милиони евра, соопшти на прес конференција градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Апелирам до сите граѓани и компании во наредните 15 дена да ги подмират своите обврски по основ на данок на имот за периодот од 2022 до 2025 година“, рече Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека станува збор за 96.562 физички лица и 2.335 правни субјекти кои вкупно му должат на градот 19,5 милиони евра – средства кои се од клучно значење за инфраструктурата, јавните услуги и подобрувања на квалитетот на живот во Скопје.

„Ред мора да има, а секој денар наплатен во буџетот значи повеќе проекти и подобар град за сите“, рече Ѓорѓиевски додавајќи дека ова е само почеток на финансиската консолидација.

Back to top button
Close