Град Скопје испраќа цистерни со питка вода за Гостивар
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на Фејсбук информираше дека Град Скопје испраќа цистерни со питка вода за граѓаните на Гостивар, поради сомнежите дека водата од градскиот водовод е причина за здравствените проблеми кај поголем број жители.

„Сите нѐ потресе случајот во Гостивар, каде поголем број граѓани пројавија симптоми на труење, а постојат сомнежи дека причината е загадената вода за пиење од градскиот водовод. Во вакви моменти нема место за чекање – потребни се брза реакција, човечност и солидарност. Град Скопје веднаш испраќа цистерни со питка вода за жителите на Гостивар“, напиша Ѓорѓиевски.






