Градскиот часовник во Битола во боите на ракометниот шампион Еурофарм Пелистер

Општина Битола вечер на платото пред Офицерски дом ќе приреди пречек на шампионскиот тим на РК Еурофарм Пелистер, а од синоќа градскиот часовник е осветлен во боите на ракометниот клуб.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека спортскиот собир ќе почне во 20 часот, а ќе се обрати градоначалникот Тони Коњановски.

-Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, синоќа по натпреварот со Вардар во Скопје, упати честитки до шампионите и ги повика битолчани, верните навивачи Чкембари, на голема прослава на платото од Офицерскиот дом. Воедно,  градоначалникот Коњановски на следната седница на Советот на Општина Битола ќе предложи да се додели награда од 3 милиони денари за клубот, како признаОпштина Битола вечер на платото пред Офицерски дом ќе приреди пречек на шампионскиот тим на РК Еурофарм Пелистер, а од синоќа градскиот часовник е осветлен во боите на ракометниот клуб.

 

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека спортскиот собир ќе почне во 20 часот, а ќе се обрати градоначалникот Тони Коњановски.

 

-Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, синоќа по натпреварот со Вардар во Скопје, упати честитки до шампионите и ги повика битолчани, верните навивачи Чкембари, на голема прослава на платото од Офицерскиот дом. Воедно, градоначалникот Коњановски на следната седница на Советот на Општина Битола ќе предложи да се додели награда од 3 милиони денари за клубот, како признание за постигнатиот успех и за промоцијата што ја прави за градот на национално и меѓународно ниво, соопштија од тамошната локална самоуправа. мт/ние за постигнатиот успех и за промоцијата што ја прави за градот на национално и меѓународно ниво, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Back to top button
Close