Грчки „Капитал“: „Тајното оружје“ на Грција се нови блокади на евроинтеграциите на Македонија

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави, а грчки „Капитал“ објави дека тајното оружје на Грција поради како што се тврди непочитувањето на Договорот од Преспа од страна на премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Силјановска – Давкова ќе биде замрзнување на следните поглавја во преговорите на Македонија со ЕУ.

Весникот пишува дека можна е и блокада на користењето на ЕУ фондовите.

Грчки „Капитал“ додава дека Грција размислува да ги замрзне следните поглавја во преговорите со Европската Унија со што ќе воспостави директна блокада на европскиот пат паралелно со блокадата од Бугарија.

„Економското гушење што ќе биде предизвикано на соседната земја доколку Грција ја повлече рачната кочница на фондовите на ЕУ кои би биле насочени кон Скопје, веројатно не е нешто од помало значење за Северна Македонија“, пишува весникот.

Еден по еден, грчкиот шеф на дипломатијата, Јоргос Герапетритис, ги прими денеска во својот кабинет лидерите на политичките и парламентарните партии на брифинг за темите од надворешната политика на Грција, меѓу кои и за Македонија.

Фокусот на брифингот на Герапетритис со политичките лидери во Грција било на три теми – Македонија, грчко-турските односи и кипарското прашање.

Засега не се откриваат детали што конкретно им било презентирано од шефот на грчката дипломатија на грчките политички лидери, пред се по прашањето на Македонија

Back to top button
Close