Грција го крева ветото – Се поизвесно е дека Албанија ќе влезе во втората фаза на преговарачкиот процес

Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) на денешното заседание ќе треба да ги одобри заклучоците за проширувањето и процесот на стабилизација и асоцијација поврзани со Пакетот извештаи на Европската комисија за напредокот на кандидатите за членство, во чии рамки треба да решава и за закажувањето на вторите меѓувладини конференција со Македонија и Албанија.

Земјите членки посакуваат двете земји да ги започнат преговорите за членство во исто време но во случајот на Македонија тоа ќе биде невозможно поради неисполнетиот услов од преговарачката рамка за усвојвање на уставните амандмани со кои бугарското, хрватското и црногорското малцинство треба да се најдат во Уставот.

Што се однесува до Албанија за неа нема веќе никакви пречки да ја започне втората фаза на преговарачкиот процес по завршениот скрининг. Албанија како и Македонија ќе го достави докуметот со патоказите усвоиени по препораките од скрининг процесот по што Советот треба да ја закаже втората меѓувладина конференција.

Грција го отклони ветото за Албанија во очекување дека во албанските патокази за преговарачкиот процес ќе биде адресирано прашањето кое го отвори Грција во врска со забалешките на Атина за повредаќа на човековите права на градоначалникот на Химарас, Фреди Белери.

Доколку содржината на албанскиот докумет со патоказите за реформи кој ќе биде разгледан на денешиот Совет на министрите во Брисел ги задоволува барањата на Атина станува се поизвесно дека Албанија и Македонија ќе се поздрават една од друга- Албанија ќе ги продолжи преговорите додека Македонија останува во чекалната се до исполнување на условот од преговарачката рамка за усвојување на уставните амандмани.

Дали на денешниот состанок ќе преовладаат геополитичките аргументи на некои земји членки дека постои опаснот од дестабилизација во регионот доколку Албанија и Македонија бидат разделени во преговарачкиот процес останува да се исчека исходот од денешната средба на шефовите на дипломатии на земјите членки на ЕУ во Брисел.

Со оглед на комплексноста на ова прашање може да се очекува министрите за надворешни работи на земјите членки ова прашање за раздвојување на Македонија и Албанија во преговарачкиот процес да им го остават на нивните шефови кои во Брисел ќе заседават во четврток и петок.

Борјан Јовановски

 

Back to top button
Close