Грипот се шири 5 пати побрзо од лани – Можно е одложување на почетокот на второто полугодие

Македонија се соочува со силен бран на грип, а бројките растат со вртоглава брзина. Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, предупредува дека пикот на вирусот се очекува во втората половина на овој месец и почетокот на февруари. Поради ова, Комисијата ја разгледува можноста за пролонгирање на почетокот на школската година.„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека бројот на заболени може да биде дополнително зголемен. Доколку е потребно, ќе дадеме препорака за пролонгирање на второто полугодие“, изјави Андоновска.
Најновиот извештај на Институтот за јавно здравје покажува застрашувачки податоци – само во периодот од 29 декември до 4 јануари се регистрирани 1.725 случаи, што е за 2,2 пати повеќе од претходната недела и дури 5,2 пати повеќе во споредба со истата недела минатата година.
Најмногу заболени: Скопје предничи на листата, а веднаш по него се Тетово, Велес, Гостивар и Куманово.
Интензитет: Пријавената инциденца веќе ја премина границата на средна активност на вирусот.
Споредба: Во однос на просекот од последните 15 сезони, годинава има зголемување од речиси 40%.
Епидемиолозите апелираат на зголемена внимателност, особено кај ризичните групи, додека надлежните будно ја следат состојбата пред одлуката за враќање на учениците во клупите.
Македонија се соочува со силен бран на грип, а бројките растат со вртоглава брзина.






