Гризман го менува Роналдо во Јувентус

Напаѓачот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, Антоан Гризман, би можел ова лето да го замени Кристијано Роналдо во редовите на италијански Јувентус, пренесуваат денеска шпанските и италијанските медиуми.

Каталонски „Спорт“ наведува дека Барселона летово сака да ја реконструира екипата, а еден од играчите, кој претседателот Жоан Лапорта сака да го продаде е францускиот репрезентативец.

Според истиот извор, Барселона во летниот преоден рок ќе се раздели и од Осман Дембеле, Мартин Брејтвајт, Филипе Кутињо, Миралем Пјаниќ, Самуел Умити и уште неколкумина други фудбалери.

Медиумите тврдат дека нова дестинација на Гризман би можел да биде Јувентус, особено доколку португалскиот репрезентативец Роналдо ова лето замине од торинскиот клуб.

Французинот дојде во Барселона во јуни 2019 година од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра и има договор до лето 2024 година.

Back to top button
Close