Гризман од јули во Орландо
Францускиот 35-годишен напаѓач Антоан Гризман ќе го напушти Атлетико Мадрид во летниот преоден рок и ќе се пресели во американскиот МЛС лигаш Орландо Сити, објави денеска новиот клуб на поранешниот француски репрезентативец.
Гризман ќе му се приклучи на својот нов клуб во јули, а потпиша двегодишен договор, со опција за продолжување на соработката до крајот на сезоната 2028/2029, се наведува во соопштението на Орландо.
Гризман беше неизоставен дел од француската репрезентација од своето деби во 2014 година, освојувајќи ја титулата со светски првак на Мундијалот 2028 во Русија. Од француската репрезентација се повлече во 2024 година, одигрувајќи 137 натпревари на кои постигна 44 голови.
Во својата сениорска клупска кариера, Гризман настапи само за три клубови, сите во Шпанија: Реал Сосиедад (2009-2014), Атлетико Мадрид (2014-2019, 2021-2026) и Барселона (2019-2021).
За мадридскиот клуб, Гризман досега постигна 211 голови со што е најдобар стрелец на клубот на сите времиња, надминувајќи ја легендата на Атлетико, Луис Арагонес (173).






