Гробови се откорнати во Бутел по силното невреме


Силното невреме што неодамна го зафати Скопје предизвика штети и на Градските гробишта „Бутел“, покажуваат фотографии што се споделуваат на социјалните мрежи.

Според објавите, на повеќе гробни места има искршени споменици и изместени надгробни плочи, а граѓаните тврдат дека при нивната денешна посета не забележале активности за расчистување или санација на штетите.

Не се оштетени само домовите. Голема штета има и на гробиштата. Денес таму немаше никој да поправи или да санира нешто. Ве информирам да одите и да проверите дали и гробните места на вашите најблиски се оштетени“, се наведува во една од објавите.

Воедно, граѓаните поставуваат прашање до АД „Бутел“ – Скопје: кој ќе ја надомести штетата и кога ќе започне санацијата на оштетените гробни места.

Back to top button
Close