Гром погодил авион со Хрватски ватерполисти: Луѓето повраќаа, плачеа…

Првиот турнир во регионалната ватерполо лига заврши минатиот викенд во Белград, но ватерполистите на Југ ќе сакаат да го заборават што е можно побрзо затоа што имале турбулентен лет на враќањето кон својот дом.

Авионот бил погоден од гром и влетал во невреме, па едвај била избегната несреќа, а директорот на клубот открива што се случувало за време на драматичните моменти.

„Многу пати сум патувал во животот, но вакво нешто не сум доживеал. Луѓето повраќаа, вресакаа, плачеа и сакаа да излезат“, открива директорот Огњен Кржиќ.

Кога пилотот забележал дека не може да слета на пистата, тогаш почнале проблемите.

„Пилотот забележа дека не може да слета затоа што само што ја допиравме пистата, авионот повторно се креваше. Правевме кругови околу аеродромот, а ужасното време си поигра со нас. По половина час конечно слетавме и тогаш во авионот удри гром“, кажа Кржиќ.

извор

Back to top button
Close