Гроси: Нема истекување на радиоактивен материјал во Запорожје

Безбедносни системи на украинската нуклеарна централа Запорожје не се оштетени. Нема истекување на радиоактивен материјал, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси.

– Во текот на ноќта проектил погоди зграда во рамки на комплексот на нуклеарната централа. Зградата не е дел од реакторите. Ова предизвика локален пожар, што беше изгаснат. Сите безбедносни системи на нуклеарната централа не се оштетени. Нема истекување на радиоактивен материјал, изјави шефот на МААЕ, Гроси.

Back to top button
Close