Груби: Ахмети нема контакт со Груевски, не користи смартфон, не пишува ниту СМС-пораки

Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) не користи смартфон, туку стара „нокиа 3310“. Не користи апликации и не пишува СМС-пораки. Нема ниту техничка можност да комуницира со Никола Груевски. Ова го изјави Артан Груби, вицепремиер и министер за политички систем, како и шеф на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во неговото гостување во поткастот „Политиканти“ на Слободен печат, одговарајќи на прашањето на Ахмети има комуникација, односно дали одржува некаков контакт со поранешниот премиер Никола Груевски.

„Ахмети не одржува контакт со Никола Груевски. Али Ахмети нема смартфон, не користи апликации, ниту Сигнал, ниту Телеграм, ниту Вајбер, ниту Вацап. СМС пораки никогаш не пишува. Да знаат луѓето, да не се лутат кога му пишуваат пораки. Користи стар модел на мобилен телефон. Користи Нокиа 3310. Затоа нема ниту техничка можност да комуницира, ниту со Груевски, ниту со никого“,вели Груби.

На прашање во поткастот дали има контакти со лидерот на ВМРО_ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Груби одговори дека тој нема никакви контакти со претставници на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Груби рече и дека сите во политиката знаат дека ќе направи така како што ќе му каже Али Ахмети.

„Ако Али Ахмети ми каже да одиме со СДСМ, ќе идеме со СДСМ. Имам право на свое мислење. Тоа не е полтронизам, туку е верба. Верувам во неговите проценки и верувам во неговото политичко размислување. Се убедуваме додека не се донесе одлука. Кога ќе се донесе одлуката, јас сум војник и ја спроведувам одлуката која ќе ја донесе Ахмети и партијата“рече тој.

Прашан дека дека многумина би рекле дека тој негов однос кон Ахмети и поради тоа што се гледа за негов наследник, Груби одговори дека се гледа себеси само како негов верен следбеник.

„Се гледам како негов верен следбеник, војник, активист, член кој верува во него и кој во политиката е поради него. Јас во политиката сум ради него. Влегов во политичка партија влегов поради него. Немав потреба од тоа. Моите примања претходно беа високи. Јас сум во политиката ради Ахмети“,рече Груби

Back to top button
Close