Груби: Aли Ахмети користи само Нокиа 3310

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети користи стара Нокиа 3310, не користи модерни апликации, ниту пишува СМС пораки, открива министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Ова Груби го кажа во гостувањето на поткастот Политиканти одговарајќи на прашањето дали Ахмети одржува контакт со Никола Груевски.

– Не Али Ахмети нема контакт со Никола Груевски. Али Ахмети нема смартфон, не користи апликации, ниту Сигнал, ниту Ватсап, ниту Вајбер, ниту Телеграм. Тој не користи ништо од тоа, да знаат луѓето. СМС пораки никогаш не пишува во животот, значи никогаш, ниту еднаш. Користи Нокиа 3310, стара, стар модел на телефон. Затоа нема техничка можност да комуницира, ниту со Груевски, ниту со никого – вели Груби

Back to top button
Close