Груби: Беким Незири нема учествувано во физичка пресметка, ниту ја отворил вратата

Артан Груби, вицепремиер и министер за политички систем меѓу заедниците во емисијата 24 анализа рече дека е разочаран од упадот во М-НАВ и рече дека тоа било сосема непотребно и ДУИ реагирал со соопштение и дека никој не е над законот.

– Повикавме законот да важи за сите исто и повикавме јавноста да не суди и медиумите да не бидат истражители и обвинители и судии и да судат пред да се увидат сите факти. Имаше невиден притисок врз судиите од јавноста и медиумите.

Имам разговарано со Беким Незири и другите кои учествуваа за да ја слушнам нивната страна. Разговарав со Премтим на телефон зошто и двајцата ми се другари и тој е во роднинска врска со Незири.

Сите што беа вклучени во тој инцидент се вработени во институциите и беа на работното место. Беким воопшто нема учествувано во физичка пресметка со Премтим или било кој друг. Ниту ја отворил вратата да има тепачка. Беким работи таму и е советник на генералниот директор. Настанот нема никаква врска со ДУИ. – рече Груби.

Back to top button
Close