Груби: Мицкоски ми рече терајте со проектот, потпишете го и одиме на предвремени избори
Првиот вицепремиер Артан Груби денеска на конференцијата „Бехтел и Енка – можности, предизвици и одговорности“ истакна дека во неколку наврати се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пренесе тв21.
„Тој исто така се сретна и со претставниците на Бехтел и Енка. Јас исто така се сретнав и со Владо Мисајловски, поранешен министер за транспорт и врски. Со Александар Николовски во врска со специјалниот закон и другите законски измени. Сите се согласија дека се потребни и дека имаат нивни предлози за подобрување на законските решенија но никогаш не ни ги доставија“, вели Груби.
Според него, Мицкоски дал недвосмислена поддршка за специјалниот закон со тоа што направија кворум на седницата и не гласаа против законот.
„Исто така откако се формираше комитетот јас повторно се сретнав со него и му понудив да бидат дел од проектот, преговорите и управувачкиот комитет како што е одлуката на Владата при што рече: „Терајте си ја вие работата, ваш проект е, потпишете го и да одиме на предвремени избори““, вели Груби