Груби не може да се спаси како останатите функционери со застарување на казната, зошто се врати?

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, по една година и два месеци во бегство, реши своеволно да се врати во државата, при што беше уапсен при обидот за влез на граничниот премин Блаце. Засега не се познати мотивите на Груби за негoвото враќање, бидејќи јасно му било дека штом ќе стапне во државата ќе му бидат ставени лисици на рацете.

За кривичното дело за кое се гони, му е запретена висока затворска казна, па затоа спасот не може да го бара во застарување на кривичниот прогон, како што тоа беше случај за голем број обвинети функционери. Поточно, според информациите од МВР, груби се гони за кривичното дело „Проневера во службата“, или по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ.

 

– Advertisements –

 

„Ако сторителот на делото од став 1 прибавил значителна имотна корист, ќе се казни со затвор најмалку четири години“, пропишува Кривичниот законик.

 

Ова значи, дека кога законодавецот не предвидел највисока граница, за „плафон“ или највисоката казна која може да ја добие е 20 години затвор, што пак значи дека делото застарува за дури 40 години. Оттука, барем засега, е јасно дека Груби има друга причина за да го прекине бегството и да се врати назад. Иако веќе во јавноста се шпекулира за некаков „договор за заштита“ на Груби од власта, според неофицијални информации на „Фокус“, Груби се вратил поради семејни причини.

Повеќе

Back to top button
Close