Груевски не заминува кај Путин

Поранешниот премиер Никола Груевски одговори на нашите прашања и запрашан дали информацијата објавена на МкДенес е вистинита, односно дали навистина добил политички азил и заминува во Русија, како и дали бил контактиран од страна на Путин за ваква комбинација, тој негираше

Рецензираме медиумски напис објавен на веб-страницата МкДенес, придружуван со Фејсбук објава, во коj се тврди дека поранешниот премиер Никола Груевски заминува кај рускиот претседател Владимир Путин. Фејсбук постот е исклучително вирален, а до моментот на пишување на оваа рецензија има 76 споделувања, над 1900 допаѓања и над 300 коментари. Сите овие интеракции и реакции на корисниците на социјалната мрежа се на содржина која што не се темели на ниту еден извор.

Насловот на текстот споделува информација дека Груевски заминува кај Путин, како истата да е сигурна и потврдена, а потоа прераснува во комплетна шпекулација и поставување прашања. На почетокот од текстот се тврди дека претседателот на Русија Владимир Путин му ветил политички азил на еден поранешен премиер, меѓутоа не се кажува на кој. Веднаш потоа, без никаква изјава, ниту пак било каков друг доказ или индиција, се тврди дека тој поранешен премиер е Никола Груевски и тоа преку фотографија од експремиерот.

Дали очекуваното паѓање од власт на Орбан за оваа година, ќе го принуди Груевски сепак да ја избере Русија за своја конечна дестинација, останува да видимесе вели на крајот од текстот. 

Вистиномер се обрати до амбасадата на Русија во земјава со прашање дали навистина претседателот на Русија Владимир Путин му ветил, односно дал политички азил на Никола Груевски, но одоговор не добивме.

Но, затоа пак, поранешниот премиерНикола Груевскиодговори на нашите прашања. Запрашан дали информацијата објавена на МкДенес е вистинита и дали навистина добил политички азил и заминува во Русија, како и дали бил контактиран од страна на Путин за ваква комбинација, тој негираше.

Лага е! Не ме контактирал,изјави Груевски за Вистиномер.

Со оглед на тоа што во текстот кој го рецензираме, не постојат извори, туку тој се базира исклучиво на шпекулација на непотпишаниот автор, а и со оглед на тоа што експремиерот Никола Груевски за Вистиномер изјави дека станува збор за невистинито тврдење и дека Путин воопшто не го контактирал, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита. Во насловот од текстот, она што е претставено како потврдена информација, во текстот не е поткрепено со ниту еден факт, аргумент, или било каква изјава, туку текстот се движи во доменот на шпекулациите.

Back to top button
Close