Пороен дожд, грмежи и град кај Катланово – облаците се движат кон Скопје

УХМР информира дека југоисточно од Катланово има поинтензивна нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на град.

Од југозапад кон Скопската Котлина се приближува нестабилна облачна маса од која има умерени врнежи од дожд и засилен ветер.

Зголемена облачност има и во Охридскиот регион и слаби врнежи од дожд.

За утре се најавува променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Back to top button
Close