Гундоган сака да игра со Сити во финалето во Лигата на шампионите

 

– Фудбалерот на Барселона, Илкај Гундоган изјави дека би сакал да се сретне со својот поранешен тим Манчестер Сити во финалето на Лигата на шампионите.

-Дефинитивно би сакал да играм во натпреварот за трофејот со Барселона. Би било одлично, но всушност, не е важно кој е противникот. Сити има фантастичен состав, се разбира. Но, во Лигата на шампионите секогаш е комплицирано, изјави Илкај Гундоган.

Барселона во четвртфиналето на најпрестижниот европски клупски турнир годинава ќе игра против Пари Сен Жермен, додека Манчестер Сити ќе се соочи со уште еден шпански гигант – Реал Мадрид

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close