Гутереш е „длабоко вознемирен“ од ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Хамас


Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска соопшти дека е „длабоко вознемирен од интензивирањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас“, додека во Газа беснеат жестоки борби.

Ескалацијата е заради „копнените операции на израелските одбранбени сили придружени со интензивни воздушни напади и континуирано ракетирање кон Израел од Газа“, се наведува во соопштението на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Останувам длабоко загрижен за ризикот од опасна ескалација и надвор од Газа“, додаде тој.

Back to top button
Close