Гутереш повика на итен прекин на непријателствата во Израел и во појасот Газа

Гутереш: Нема забрана за учество на антирасистички протести - МИА

 Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на итен прекин на непријателствата во Израел и Појасот Газа, изјави   портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.

„Генералниот секретар апелира до двете страни веднаш да ги запрат борбите во Газа и Израел“, рече Дижарик.

Тој истакна дека ОН се подготвени да помогнат во израелско-палестински договор врз основа на релевантни резолуции на ОН, меѓународно право и билатерални договори, со помош на други медијатори, вклучувајќи ги Русија, САД и Европската унија.

Дижарик исто така потврди дека ОН се вклучени во напорите за обезбедување на потребната хуманитарна помош на загрозеното население во Газа.

Back to top button
Close