Гутереш во изолација по изложувањето на Ковид-19
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш бил изложен на коронавирус од официјален претставник на ОН кој бил заразен и ќе биде изолиран во текот на следните неколку дена, соопштија дипломатски извори.
Гутереш (72) ги откажа своите претстојни ангажмани, рекоа извори за АФП, пренесува БГНЕС.
Шефот на ОН денеска требаше да биде почесен гостин на Асоцијацијата на медиумите на ОН на нејзината годишна гала вечер на Менхетен. Во четврток тој требаше да присуствува на состанокот на Советот за безбедност на ОН за предизвиците што ги носи тероризмот и климатските промени, со кој претседава нигерискиот претседател Мохамед Базум.
Портпаролот на генералниот секретар Стефан Дужарик одби да ја коментира состојбата на Гутереш.
Пред неколку дена, Дужарик објави дека Гутереш неодамна ја примил својата трета вакцина против коронавирус откако долго се двоумел дали е соодветно да се прими бустер доза, додека милиони луѓе ширум светот сè уште не ја примиле својата прва доза.