Гвардиола и Родри незадоволни од ремито со Челси

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, имаше забелешки за настапот на неговиот тим во првото полувреме од натпреварот со Челси.

Дербито на „Етихад“ заврши нерешено 1:1, а израмнувачкиот гол на домаќините дојде доцна во вториот дел.

– Одигравме неверојатно во второто полувреме. Првиот дел не бевме на познатото ниво, но игравме против екипа против која треба да бидете на ниво цели 90 минути, а не само едно полувреме, прокоментира Гвардиола.

Во меѓувреме, Родри, кој го постигна израмнувачкиот гол за Сити, ја критикуваше дефанзивната игра на тимот, но ги критикуваше и судиите на натпреварот.

– Кога се браните така, не можете да земете повеќе од таков натпревар. Немавме добро прво полувреме. Примивме уште еден лесен гол. Мора да се браниме подобро – мора да бидеме искрени со себе. Не сакам да зборувам за судијата, но не се сеќавам на натпревар со толку многу ВАР проверки, а ниту една да не оди во наша корист, додаде тој

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close