Гвардиола: Кога во мај се борите за трофејот, значи сте направил добра работа во текот на сезоната

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола го сподели своето мислење за претстојниот натпревар со Ливерпул во рамките на 32. коло од Премиер лигата.

– Знаеме дека Ливерпул сака да ги добие преостанатите натпревари, но се надевам дека не и следниот. Ние исто така сакаме да победуваме до крајот на првенството. Кога тимот се бори за титулата во мај, тоа значи дека имал неверојатна сезона, работи напорно и го прави тоа цело време. Противникот е многу силен, кој најави водење на достојна битка и ние го прифаќаме тоа, изјави Гвардиола за „Скај Спортс“.

На 10 април Сити ќе го пречека Ливерпул на „Етихад“. Почетокот е во 17:30 часот.

Вчера Ливерпул на домашен терен го победи Вотфорд со 2:0, додека Манчестер сити со истиот резултат ги освои бодовите на гостувањето кај Барнли.

Манчестер сити е прв на табелата во Премиер лигата со 73 бодови, Ливерпул заостанува еден бод и се наоѓа на второто место

Back to top button
Close