Гвардиола: Спортот не е спорт ако не е важно дали сте победиле или загубиле

Стратегот на Манчестер сити Пеп Гвардиола е првиот тренер меѓу своите колеги од 12-те клубови оснивачи на Суперлигата кој отвореното го критикуваше новото натпреварување.

Гвардиола рече дека предложениот концепт на Супер лигата во која 15-ет екипи ќе имаат загарантирано место без оглед на постигнатите резултати се коси со темелните постулати на спортот.

-Спортот не е спорт кога не постои врска меѓу вложениот труд и наградата. Кога успехот ви е загарантиран, тоа не е спорт, кога не е важно дали сте победиле или загубиле, тоа не е спорт, изјави Гвардиола.

– Не е правично некој клуб да се бори за да стигне до врвот и тогаш да дознае дека не може да се квалификува во елитата, бидејќи таа е веќе загарантирана за некој друг, додаде Гвардиола, внимателно, притоа, бирајќи ги зборовите за да не го навреди својот клуб.

Манчестер сити заедно со уште пет англиски клубови – Манчестер јунајтед, Арсенал, Челзи, Тотенхем и Ливерпул, е меѓу 12-те потписници на новата Супер лига од затворен тип.

Back to top button
Close