Гвардиола за гласините за заминување на Халанд во Реал: Можеби шпанските медиуми знаат повеќе од нас

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ја коментираше информацијата дека напаѓачот на тимот, Ерлинг Халанд би можел да се пресели во Реал Мадрид.

– Не знам, треба да ги прашате медиумите од Мадрид. Можеби тие знаат повеќе од нас. Ние немаме чувство дека е несреќен, но исто така не можеме да ги запреме луѓето да зборуваат, изјави Гвардиола за „ESPN“.

Претходно шпанските медиуми објавија информација дека Реал Мадрид ги прави подготовките за трансферот на 23-годишниот Норвежанец.

Халанд игра за Манчестер сити од летото 2022 година. Сезонава одигра 23 натпревари за „Граѓаните“ во сите натпреварувања, постигна 19 голови и имаше 5 асистенции.

Back to top button
Close