Хаџигенов: Во Бугарија прислушувани се новинари, политичари и обвинител

Околу илјада луѓе се „активно обработувани“ за време и по антивладините протести минатото лето, и засега на 140 од нив им се знаат имињата. Ова се првите податоци што ги доби бугарската Комисијата за истрага за полициско насилство и прислушување на политичари и демонстранти, изјави пратеникот Николај Хаџигенов од „Стани. БГ! Доаѓаме!“ на првиот состанок на привремената Комисија.

Состанокот по неколку минути беше затворен за медиумите поради доверливи материјали..

Хаџигенов по завршувањето на Комисијата, истакна дека специјализираниот Кривичен суд и Обвинителството ја саботирале работата на Комисијата бидејќи не испраќале материјали со образложение дека се работи за истражна тајна.

Според него, на списоците на прислушувани и следени се и имињата на политичари, пратеници, актуелни пратеници, активисти, новинари и обвинител од Обвинителството на Софија. Тие биле прислушувани од 14 јули 2020 до и мај 2021 година.

– Откако ќе заврши работата на Комисијата и ќе помине низ Националното собрание, мора да најдеме начин како да ги објавиме сите овие работи, бидејќи нашата историја досега не знае таков случај, наведе Хаџигенов, додавајќи дека тоа што се случило е „бугарски Вотергејт“.

Back to top button
Close