Хакиран профилот на македонската репрезентација, наместо од фудбалерите, се објавуваат слики од полуголи азијатки
Фејсбук профилот на македонската фудбалската репрезентација е преземен од кинески хакери. Наместо познатите спортисти, на ѕидот се објавени повеќе слики од азијатки а на моменти има и вклучувања во живо.
Се слушаат и се гледаат машки ликови кои најчесто говорат на некој од дијалектите на кинескиот јазик.
Тие во јавувањата покажуваат накит, некакви вречиќки и пишуваат на картончиња, според претпоставките кажувајќи што или колку бараат за враќање на содржините и на сопственоста врз профилот.
Од ФФМ се уште се немаат огласено со објаснување за тоа што се случува со страницата на фудбалската репрезентација а од МВР најавуваат информација во попладневните часови.