Халеп се откажа од турнирот во Доха

Халеп се повлече од турнирот во Палермо - МИА

Треторангираната на АТП листата, Симоне Халеп, се повлече од настап на турнирот Катар Опен, што идната недела започнува во Доха, соопштија денеска организаторите.

Белгиската тенисерка, која минатата недела беше поразена во четвртфиналето на Австралија Опен од Серена Вилијамс, не ја наведе причината за откажувањето од турнирот.

-За жал, донесов одлука да се повлечам од Катар Тотал Опен. Овој турнир за мене секогаш бил еден од омилените и се радувам што ќе можам да му се вратам идната година, изјави Халеп.

На турнирот во Доха треба да настапат најдобрата светска тенисерка, Австралијката Еш Барти и Американката Софија Кенин, како и Елина Свитолина, Каролина Плишкова и Арина Сабаленко.

Back to top button
Close