Хамас ја потврди смртта на портпаролот на военото крило и на лидерот во Појасот Газа

Военото крило на Хамас (Бригадите Изедин ал Касам) денеска на Телеграм потврди дека нивниот портпарол Абу Убаида и лидерот на палестинското исламистичко движење во Појасот Газа, Мохамед Синвар, се убиени во текот на годината.

Израелската армија во мај објави дека го елиминирала Мохамед Синвар, помладиот брат на поранешниот лидер на Хамас, Јахја Синвар. Додека на 30 август израелската војска соопшти дека го убила и Убаида.

Во видеопорака, Бригадите Изедин ал Касам му оддадоа почит на „големиот маченички командант Абу Убаида“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close