Хамас сака Русија да изврши притисок врз претседателот Абас за формирање влада на национално единство во поствоена Газа

Палестинската милитантна група Хамас сака Русија да изврши притисок врз палестинскиот претседател Махмуд Абас да започне разговори за формирање влада на национално единство во повоена Газа, изјави Муса Абу Марзук, висок претставник на групата по разговорите во Москва, пренесуваат британските медиуми.

Абу Марзук , член на политичкото биро на „Хамас“, во Москва се сретна со рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов.

-Разговаравме за прашања поврзани со палестинското национално единство и создавање влада која ќе управува со Појасот Газа по војната, рече Марзук.

Според него, Хамас побарала од Русија да го охрабри Абас, кој учествува на самитот на БРИКС во Казан, да започне преговори за влада на национално единство.

Абас е шеф на Палестинската управа, која управува со окупираните палестински територии. Палестинската управа е основана пред три децении, согласно мировните договори од Осло, и врши ограничена власт над делови од окупираниот Западен Брег, кој Палестинците сакаат да станат јадро на идната независна држава

Палестинската управа е контролирана од политичкото движење Фатах на Абас и долго време е во расправија со исламистичкото движење Хамас, кое владее со Газа. Двете фракции водеа кратка војна во 2007 година, по што движењето Фатах беше протерано од Појасот Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху силно се противи на можноста палестинските власти да учествуваат во управувањето со Газа.

Back to top button
Close