Хамбургер го суспендираше Французинот Домп поради возење под дејство на алкохол

Германскиот прволигаш Хамбургер го суспендираше денеска својот фудбалер Жан-Лук Домп, поради возење под дејство на алкохол.
Изречената казна значи дека Домп ќе го пропушти натпреварот против лидерот во Бундеслигата Баерн Минхен, в сабота.
Домп бил запрен од полицијата во неделата и по извршениот алкотест било констататирано присуство на алкохол во организмот, а дополнително наодот од крвната слика го потврдил резултатот.
Хамбургер сè уште не соопшти колку ќе трае суспензијата на францускиот крилен напаѓач, но не се исклучени и други санкции.
Триесетгодишниот Домп му се приклучи на Хамбургер во 2022 година и досега за германскиот клуб одигра 100 натпревари на кои постигна 17 голови






