Ханси Флик: Лигата на шампиони не мотивира

Флик ја смета Борусија за една од најдобрите екипи во Европа - МИА

Тренерот на актуелниот европски првак Баерн Минхен, Ханси Флик, изјави пред утрешниот дуел против Лацио дека натпреварите од Лигата на шампиони се посебна мотивација за неговиот тим.

-Мораме да бидеме во врвна форма во Лигата на шампиони. Ова се посебни натпревари за нас и очекувам дека ќе бидеме многу мотивирани, рече Флик на конференцијата за новинари пред првиот натпревар од осминафиналето против Лацио во Рим.

-Имаме идеја како сакаме да играме и тоа сакаме да го покажеме од самиот почеток. Имам целосна доверба дека мојот тим ќе го стори тоа утре, додаде тренерот на Баерн.

Back to top button
Close