Хаос во ДИК, рачно се проверуваат записници, симулацијата на мандати е проблематична
Веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) повторно не функционира во последниот еден час. Сѐ уште нема конечни резултати откако оние што беа објавени на веб-страницата околу 3 часот предизвикаа низа нелогичности и сомнежи. Нападот на електронскиот систем се чини предизвика хаос, велат од ДИК, но информираат дека сега рачно ги прегледуваат сите записници и најавуваат конечни неофицијални резултати во попладневните часови, пишува „360 Степени“.
„Сѐ уште се врши прием на материјалот од општинските изборни комисии, и притоа рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места (записници бр. 16) , како и записниците за сумирање и утврдување на резултатите од општините (записник бр. 21), со цел точно да можат да се утврдат неофицијалните конечни резултати. Неофицијалните конечни резултати ќе бидат соопштени на попладневната седница на Државната изборна комисија“, велат од ДИК.
Несовпаѓања на резултатите и на симулациите кои првично беа направени имаше и со проекциите што во текот на изборната ноќ излегуваа од партиите, но и помеѓу резултатите што изминатите часови ги објавуваше самата ДИК.
Според симулација на ДИК која беше објавена во раните утрински часови, распоредот на силите во новиот парламент би бил: СДСМ – 46 пратеници; ВМРО-ДПМНЕ – 44; ДУИ – 15; Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12; Левица – 2 и ДПА – 1 пратеник.
Целата анализа на следниот линк.