Хари и Меган и посакаа здравје и закрепнување на Кејт
Принцот Хари и Меган објавија кратка изјава во која е посакуваат здравје на принцезата од Велс.
– Посакуваме здравје и закрепнување за Кејт и семејството и се надеваме дека ќе можат да го сторат тоа приватно и во мир, се вели во изјавата.
Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, денеска откри дека и е дијагностициран рак и дека е на превентивна хемотерапија.