Холандија со нова паметна технологија против расизмот на стадионите

epa09933723 Brian Brobbey of Ajax celebrate scoring the 0-1 goal during the Dutch Eredivisie soccer match between AZ Alkmaar and Ajax Amsterddam at the AFAS stadium in Alkmaar, Netherlands, 08 May 2022. EPA-EFE/Olaf Kraak

Три холандски фудбалски клубови започнаа пилот проекти за тестирање на употребата на паметна технологија во борбата против дискриминацијата и расизмот на стадионите, објави Холандската фудбалска асоцијација (КНВБ).

Во тек се три проекти на стадионите на Феенорд, ПСВ и Цволе.

– По една година треба да откриеме дали и како паметната технологија го поддржува препознавањето на расистичкото однесување и дискриминацијата и дали придонесува за идентификација на инволвираните, се вели во соопштението.

ПСВ, на пример, ја тестира употребата на звучни камери на стадионот за, благодарение на вештачката интелигенција, да може да открие „ненормален“ звук, како што е расистички коментар.

Во Цволе, навивачите можат да доаѓаат на натпреварите со билети на нивните мобилни телефони, достапни преку мобилна апликација која на навивачите им дава информации во реално време за безбедносните услови околу стадионот.

– Други техники, вклучително и вештачката интелигенција, исто така ќе се користат за подобрување на социјалната сигурност на стадионот, соопшти „KNVB“. Пилот-проектите се кофинансирани од Министерството за здравство, социјална политика и спорт, кое во нив има вложено повеќе од еден милион евра

Back to top button
Close