Хотел “Белица” во  Горна Белица – така блиску а така волшебно

Се што ви треба, во овие денови со тропски температури, е, да се качите на падините на Јабланица, во Дримколот непосредно кај Вевчани,  високо под облаците, на 1.420 метри а, на само 14 к.м. од Струга.

Ве води пристоен пат, со освежен асфалт,  а, кој, со мала инвестиција,  може да се прошири,  исправи на кривините, а, колку  за почеток, општина Струга, да ги исече гранките одстрана кои ја намалуваат видливоста.

Ете, само толку ви е потребно, за, на 40 градуси,  доживеете услови и атмосфера на рана пролет и доцна есен.

 

Малку знаеме, ако не видиме.

Со сета одговорност и стекнато патувачко искуство по светот, ви го препорачувам хотелот ” Белица”, во Горна Белица:  чист воздух во борова шума, сместувачки амбиент и домаќини какви што само можете да посакате, за гурманите и хедонистите – планинско јабланичко јагне, а, ако ви се погоди уште и тајфата на Кадри и Ружди, тогаш се ви се погодило.

 

Така блиску, а толку волшебно!

Капацитетот на хотелот е 22 соби со околу 70 легла. Собите им се пространи, со два, три, и четири легла, прикладни за семејства со деца, на кои, им стои на располагање забавен парк, ограден и безбеден. Сите соби  се модерно опремени со соствена бања со туш, тоалетни производи, фен за коса, LED телевизор, радио, будилник, гардеробер, бесплатен интернет, бар, сеф…

Хотелот има ресторан со тераса од која пука неповторлив поглед кон Охридското Езеро, натаму до Галичица и преку нејзе, до  високиот Пелистер.

За хедонистите гарантирани, најразлични кулинарски специјалитети и вкусови, со локални производи од околните села и бачилата на Јабланица, подготвени од врвни готвачи и со сите опции: појадок и вечера,  ала карт …

Љубезниот персонал ви нуди разни можности за зимски и летни спортови. Базенот, во кој ќе имате чувство дека сте над бисерното езеро, се дооуредува, набавена е почетната опрема за прките ски лифотови, со перспектива за жичарница до врвовите на Јабланица.

Кратко кажано, идеално место за одмор и авантура, совршено сместено меѓу природната убавина на Дримкол и удобноста на современото сместување. Само чекор погоре, шумски јагоди, природни капини, чиста екологија..

Самото село Горна Белица, денес е викенд населба со градби вклопени во боровата шума,а,  некогаш, било, заедно со Вевчани, центар на Дримколот. Со свој пазарен ден, во цветот на развојот со околу илјада жители, претежно сточари и трговци од влашко потекло, доселени од срцето на влашката опстојност,  Москополе.

Кога се преселувале, кон струшко, битолско и особено Крушево, по паљењето од страна на Али Паша Јанински, сопатници им биле и претците на Михајло Пупин, таткото на денешната глобализација, кои го порескокнале Горна Белица, за да се населат во Вевчани,  на 5 километри – западно.

Традиција и пиетет кон Св, Клименмт Охридски

Историјата и знаменитостите на Горна Белица, проучувани се од руски и  бугарски автори, додека, кај нас, најдоследен проучувач е охриѓанецот професор д-р Павле Митрески, денес на 93 години, но сеуште свеж во мислата.

Потекнува од соседното Вишни, како дете доста видел од разурнатите стари објекти, особено од црквите. Не случајно, уште од 1944 година, едно од првите училишта по ослободувањето, на македонски јазик, го носи  називот   „Св. Климент“.

Митрески е на став дека областа Кутмичевица, во која Св. Климент бил испратен да шири вера и писменост, била токму на тој простор. На времето имало стара црква “Свети Клиент”, со манастирски конаци, во кои, жителите од Дримколот, го носеле болните на преспивање и исцелување.  Денес, главната селска црква, им е “Светa Петка”,з аедно со обновената “Свети Климент Охридски”, “Света Троица” и “Света Недела”.

 На сопственикот Мики, ништо не му недостасува, освен фудбалот!?

-Не жалам за ништо, освен за фудбалот Ништо не ми недостасува, освен фудбалот!

Тоа, со малку сага, го поворува Мирче Ќуркоски, за другарите само Мики, денешниот сопственик, или концесионер на објектот.

Мики и објектот, денес хотел “Белица”, имаат своја историја и слична судбина, како сторијата “Свадбениот пато на јагулите”, одовде до Сарагасово море и назад. И Мики тргнал по патот на јагулите, за таа разлика што за него не постои брана која ќе го спречи да се врати во Струга и особено во Горна Белица.

Помладите малку знааст за таа македонска сага,за  изградбата на вештачкотоп езеро Глобочица, во времето на брзата индустријализација на Македонија,1962,  како дел од југословенската федерација.

Како лик, за стружани, но и пошироко, синоним на индустријализацијата на Струга е познатиот стружанец, стопанственик и општествено политички работник, Јаковче Попиоски  – Бабица,  долгогодишен директор и градјител на системот ХЕЦ-“Глобочица”.

Покрај другото, го одбрал и најубавото село, ако не ми се налутат вевчанци, да се изгради и сместувачки објект за одмор на работниците.

Во тоа време, во Југославија, тоа беше општа појава. Охрид го имаше “Синдикјалнмиот дом” или хотелот во “Синдикални”, потоа хотелот на големиот автомобилски гигант “Застава” од Крагуевац и многу други.

-Пред мене беше блескава спортска кариера. Фудбалскиот клуб “Караорман”, во тоа време, беше посебна спортска приказна. Стигнав до младински републички репрезентативец, стигнав и тука застанав.  Ако денеска жалам за нешто,  тоа е фудбалот, ни зборува Мики.

Мики, својот американски сон го започнува мошне млад. На само 17 години. Работел се и сешто, со камион ги шпартал илјадниците километри во непредгледната Америка, паралелно се дообразувал.

-Денот ми беше така испланиран, за на крајот, да останат доволно центи само за еден хамбургер. Тоа беше мојата посакувана дневна доза од исхрана,

Несудениот фудбалер, македонски првотимец, страста и жалта за спортот, денеска ја надополнува со спонзорство. Дента кога ја правевме репортажата, гости му беа младие ракометерки од Струга.

Денес Мики,  во Америка има развиен бизнис, пред се, со недвижности, но и угостителство, со ресторани во мегаполиси. Нас новинарите би не привлекле посебно оние во Атланта, со синонимот на нашата професија – новинарството,  СНН.

Секој кој го достигнал “Американскиот сон”, добро знае дека за успех се потребни многу напор, одрекувања, пожртвуваност, целосна посветеност, но, и смисла за тимска работа. За него, роден спортист, многу брзо сватливо.

Тука, прва, покрај него е сопругата Елисавета, по потекло, исто така, нашинка, мајка на три деца, но, со лик на девојче, “Од работа немала време за да старее”!

Во случајот со овој хотел, клучна е и довербата, бидејќи, на некој начин, тоа е семен бизнис, во кој, целата своја посветеност ја истуриле блиски роднини на Мики, кои веруваат во него и тој верува во нив.

За многумина бил и сеуште е мајка матица во САД, каде им обезбедува вработување, пристоен живот и заработувачка, но и овде. Менаџер на хотелот е Боби  Танаскоски, исто гака, “гора лист”  од семејството на Мики.

За крај. Оваа сторија не ќе беше без иницијативноста на мојата колешка, од Информативната служба на некогашниот гигант “Отекс” (од времето на Владо Попе, Томе Митко, Боро Манче….), Елида Битрак, сопственичка на познатата туристичка агенција  “Елида –Турс”.

Во функција на промоција на хотелот, поканила неколку туристички агенци од Охрид (“Мега Турс”), Битола (“Турист” и “Лион Олимпик”  (попозната како  “Весна Лион”) од  Прилеп , “Аурора-Травел” од Струга, како и група новинари. За впечатокот да биде комплетен, одбрала и вистинско време. Да се престојува сега, во овие пеколнi температури, во Горна Белица, на надморска височина од безмалку  1500 метри, во хотел сред борова шума и под високи карпи, навистина  е полн погодок.

Беше ја ангажирала и најдобрата пеачка тајфа од Охрид,на Ружди и Селман,  која на многубројините гости им приреди забава дои зори, вистинска скадарлиска атмосфера, но не покрај Сава и Дунав, туку високо, под Црн Камен, првиот  другар на словенечки Триглав, врвот на Јабланива ( 2.257) и јуште четири други, повисоки од 2.000 метри.

Веле Митаноски

 

 

 

Back to top button
Close