Хотел „Бристол“ со синџир на врата прослави 100 години
Кастрофалниот земјотрес во 1963 година затрупа 80% од градителското наследство во Скопје, а оние згради кои преживеаја никогаш не станаа приоритет на на заштита. Меѓу нив и култните хотели „Бристол„ на улицата „Македонија и хотелот „Јадран“ на улицата „Никола Кљусев“.

Хотелот „Бристол“ во 2023 година требаше да прослави 100 години од своето постоење, но е затворен со години. Се наоѓа во близина на старата Железничката станица и е крстен според истоимениот ланец хотели. Браќата Атанас и Ристо Караџа, кои биле ценети скопски трговци и угледни граѓани, го изградиле хотелот „Бристол” во 1923 година. Во собите вовеле и телефонски приклучоци, а имале гаража со капацитет за неколку автомобили.
Познатата англиска писателка и патописец Сисилија Изабел Ендрус, позната под псевдонимот Ребека Вест, неколкупати ја посетила Македонија и престојувала во „Бристол“во периодот меѓу двете војни заедно со нејзиниот придружник Константин кој е протагонист во нејзината книга „Црното јагне и сивиот сокол”. Помеѓу нив се раѓа љубов, а огромниот орев во бавчата на хотелот кој фрла дебела сенка врз терасата на ресторанот е спомен на таа љубов која ја опишал и писателот Петре Бакевски во неговиот роман „Црно јагне, див Балкан”.
„Бристол“ кој беше сведок и на атентатот врз првиот македонски претседател Киро Глигоров.
„Јадран“ е прогласен за историски споменик на културата во 1989 година
„Македонија турист“, сопственик на хотелот „Јадран“, познат и како Арапска куќа, го понудил објектот за 1,9 милиони евра, а Управата за заштита на културното наследство, во име на државата, го известила дека нема да го купи, објави БИРН.
Понудата до Управата значи дека „Македонија турист“ не може во иднина на кого било да го продаде објектот поевтино од сумата која е наведена, но истовремено значи дека Арапска куќа ќе добие нов приватен сопственик.
Хотелот „Јадран“, пак, пред да стане угостителски објект бил познат како „Арапска куќа„ и се наоѓа во строгиот центар на Скопје на малиот плоштад кој го носи неговото име, сквер Јадран.
Градбата била дело на архитектот Иван Артемушкин, руски мигрант кој ја завршил во 1938 година, а ориенталната архитектура била сопственост на браќата Дикиџијан кои биле трговци со ерменско потекло познати по производството на свилени шамии во Скопје. Градската легенда вели дека Агоп Дикиџијан ја гради оваа вила како подарок за својата невеста Агавни.
Поради својата архитектонска особеност, Арапската куќа е прогласена за историски споменик на културата, а нејзиното последно преуредување е направено во 1989 година.
Македонија турист“ ги поседува и хотелите „Белви“, „Бест-вестерн“, „Хотел Карпош“ и „Холидеј ин“, кои, за разлика од овие што се продаваат, се активни и работат. (Fokus.mk)






